Ѕвездата од “Gossip Girl” е обвинет за силување!

Ѕвездата од “Gossip Girl” е обвинет за силување!

Светските медиуми известуваат дека актерот Ед Вествик (30) е обвинет за злоставување.

Ѕвездата на серијата “Gossip Girl” е обвинет дека ја држел стилистката Хејли Фридман затворена во својот стан 48 часа и дека во текот на тој период сексуално ја злоставувал.

Фридман тврди дека во август 2014 година била со уште неколку луѓе во станот на актерот, но дека таа останала кај него откако друштвото си заминало.

“Ме бакнуваше, ме заведе, но потоа работите излегоа од контрола кога побара малку да го давам. Кога одбив, ме турна и ме плукна. После тоа заспавме, но утрото влезе со мене во кадата и ме присили да имаме секс. На крајот морав да останам два дена кај него, како казна. Тие 48 часа ме злоставуваше” – изјавила стилистката.

По инцидентот, стилистката добила отказ бидејќи сакала јавно да проговори за злоставувањето.

“Имав договорено интервју, но неговиот тим ме замолкна, зборувајќи ми дека сум нестабилна, љубоморна и промискуитетна” – изјавила таа. Во обвинението од 129 страници, Фридман го опишува Ед Вествик како “монструм”, “сериски силувач” и “луд алкохоличар”.

Пред Фридман, во слична ситуација со актерот се нашле уште три девојки, но тој ги негирал и нивните обвиненија.

“Тажно е што непроверените информации на социјалните мрежи можат да доведат до заклучок дека имам нешто со ваквото застрашувачко однесување” – напишал Ед на Инстаграм.

A post shared by Ed Westwick (@edwestwick) on