ЗОО Скопје доби нов еко минибус за посетителите во зимскиот период!

ЗОО Скопје доби нов еко минибус за посетителите во зимскиот период!

Зоолошката градина во Скопје го поднови својот возен парк со електричен еко минибус наменет за прошетки на посетителите во зимскиот период и истиот екобус е со капацитет за 20 посетители, а со едно електрично полнење ќе поминува до 80 километри.

Засега ова е првото возило што го добива Зоолошката градина, благодарение на фирмата „Брегал Доо“ од Делчево. Директорот на ЗОО Скопје Ѓорѓи Галетановски и сопствениците на „Брегал“ склучија меморандум за донација и меѓусебна соработка.

Зоолошка градина во Скопје ги следи еколошките стандарди и во иднина целиот возен парк ќе биде префрлен на електричен погон, најавуваат од ЗОО Скопје.