„Златната топка“ заврши во рацете на Модриќ

„Златната топка“ заврши во рацете на Модриќ

Хрватскиот репрезентативец Лука Модриќ вчера во Париз ја освои најпрестижната индивидуална награда во светот на фудбалот – Златната топка.

После прогласувањето на победникот, плејмејкерот на Реал Мадрид се појави на бината и одржа емотивен говор.

„Ова е неверојатно чувство. Среќен сум, горд и почестен. Тешко е да се изразите како што треба во овие моменти, но им благодарам на сите кои што придонесоа за ова. Им благодарам на Реал, на сите луѓе од клубот и соиграчите. Исто така, им благодарам на сите во хрватската репрезентација и на моето семејство кое што секогаш беше со мене“, изјави Лука Модриќ и додаде:

„Секогаш сум сонувал да освојувам титули, но Златната топка е и повеќе од моите соништа. Оваа 2018-та година беше неверојатна за мене и горд сум на се што направив“, изјави Лука Модриќ.