Златан Ибрахимовиќ ќе се врати на теренот

Златан Ибрахимовиќ ќе се врати на теренот

Златан Ибрахимовиќ ќе се врати на теренот пред почетокот на новата година.

Златан е лав, вистински борец. Целото време беше бесен и поради тоа брзо заздравува. Како што очекувавме, го намали времето на заздравување и до крајот на годината ќе го видиме на теренот – изјави Мурињо

Искусниот шведски напаѓач во април ги скина лигаментите на коленото на натпревар од Лигата на Европа против Андерлехт, а многумина после тоа му предвидуваа крај на кариерата.

Наместо тоа, Ибра го продолжи договорот со Манчестер Јунајтед и во следните шест месеци ќе остане таму.