Ѕирнете во внатрешноста на најскапата планинска колиба

Ѕирнете во внатрешноста на најскапата планинска колиба

Планинската колиба N во одморалиштето Оберлах во Австрија е една од најскапите во светот. Нејзиниот дизајн и ентериер оддаваат топлина и стил  со кој, како што порачуваат странците, создаваат убави спомени за целиот живот.

А, кога би можеле да ги наплатите спомените, во оваа куќа би можело да се каже дека чинат 485.262 евра за седум дена.

На терасата пред куќата се наоѓа голем аголен кауч со дрвени столчиња. Украсена е со перници, а терасата е заградена со дрвена ограда. Внатрешноста е таа која импресионира. Има 11 апартмани и секој од нив има дрвен таван, дрвен под и дрвени ѕидови. Креветите се огромни и исто така направени од дрво.

Во склоп на апартманите има и детски соби во кои се направени кревети на спрат, но вакви сигурно не сте виделе никаде. Исто така, собите се преполни со играчки.

Во колибата ве очекуваат менаџер, вратар, искусен готвач, батлер, шофер и тим за чистење, а пијалоците ги бирате сами. Треба да ви нагласиме дека ве пречекуваат со изобилство на квалитетно вино за добредојде.

Во колибата се наоѓаат и базен, сауна, просторија за масирање и опуштање, фитнес сала и приватно кино.

Во оваа колиба собира 22 луѓе. За време на сезоната престојувањето чини 500 илјади евра, а во цената се вклучени пијалоците и оброците, превозот од аеродромот, картите за ски лифтот, опремата, услугите на персоналот и еден спа третман.