Зидан повторно тренер на Реал Мадрид!

Зидан повторно тренер на Реал Мадрид!

Реал Мадрид вчера, на големо изненадување на сите потврди дека Зинедин Зидан повторно ќе биде тренер на Кралскиот клуб.

Сантијаго Солари е веќе поранешен тренер, а Зинедин Зидан стави потпис на договор до 2022-ра година.

Многу сум среќен што се вратив тука. Верувам дека ова е посебен ден за сите. Моја цел ќе биде да го вратам клубот таму каде што му е местото. Навистина прекрасно е чувството и морам да кажам дека одговорноста е многу голема – изјави Зинедин Зидан и додаде:

Првото што го помислив кога ми се јави Перез е дека ќе се вратам назад. Во последните девет месеци бев во Мадрид и ги полнев батериите. Сега сум подготвен за нови предизвици со клубот кој што го сакам. Не морам да враќам никакви долгови, затоа што на клубот не му должам ништо. Тука сум затоа што сакам да бидам – изјави Зинедин Зидан.