Зидан по секоја цена го носи Мане во Реал!

Зидан по секоја цена го носи Мане во Реал!
По доаѓањето на Зидан во Реал Мадрид повторно, главна тема и дилема во градот и меѓу нивните навивачи, ќе биде да прогнозираат до лето кој играч ќе го купи Зидан за кралевите.

Иако се повеќе се шпекулира за Азар од Челси, од тоа нема уште ништо конкретно, додека работите се забрзуваат за трансфер желбата на Зизу од Премиерлигата.

Зидан бил импресиониран од целовитоста во играта на Садио Мане од Ливерпул, неговата експлозивност и упорност во дуелите против останатите екипи.

Марка веќе за тоа отворено пишува, а во минатото кога и да се пишуваше за некоја шпекулација, Реал веднаш се огласуваше дека такво нешто не постои и слични работи.

Но сега работите се веројатно различни, од Реал нема реакција за денешната објава на Марка за тоа дека Зидан како прв трансфер по секоја цена ова лето го носи Мане.

Играчот на Ливерпул е еден од клучните за Јирген Клоп, па вистинска дилема е дали англискиот клуб ќе се реши да го продаде и која цена би била соодветна за негов трансфер.