Зидан му кажал НЕ на Перез!?

Зидан му кажал НЕ на Перез!?

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон, веројатно знае нешто повеќе од навивачите и медиумите, па тврди дека Зидан веќе одбил враќање во Мадрид.

Познато е дека Калдерон е љубител на Жозе Мурињо, за кој пред неколку дена рече дека има најголеми шанси да се врати во Реал како тренер.

Поврзано со тоа, Калдерон сега за Eurosport, даде изјава во која тврди дека Зидан веќе одбил експресно враќање во Мадрид.

Знам дека деновиве Флорентино Перез го контактираше Зидан за враќање на зад, но тој рече НЕ овој момент, но ја остави вратата подотворена за можен кам-бек во јуни – тврди Калдерон.

Ситуацијата во Реал е толку очајна, што во моментов низ форумите и навивачите, се вртат повеќе тренерски имиња, што според навивачите, секоја би била подобра опција отколку Солари.