Зидан изјави дека неговиот гол бил подобар од голот на Кристијано Роналдо

Зидан изјави дека неговиот гол бил подобар од голот на Кристијано Роналдо

Реал Мадрид синоќа во Торино славеше со високи 3:0 на првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, па избраниците на Зидан практично со една нога се во полуфиналето.

Еден од најдобрите на теренот синоќа беше Кристијано Роналдо кој што постигна два погодоци, но посебно воодушеви неговиот втор погодок кој што го постигна со ножици. Според многумина, тоа е најубавиот гол во историјата на Лигата на шампионите, но Зидан не мисли така.

Новинарите по завршувањето на натпреварот го запрашаа Зидан кој гол бил поубав, неговиот против Баер Леверкузен или синоќешниот на Роналдо.

Мојот, дефинитивно мојот гол, порача Зидан со насмевка на лицето и додаде: Не е лесно да се постигнат три гола на гости кај Јувентус. Одигравме одличен натпревар, а Јувентус исто така одигра добро. Роналдо е поинаков од сите. Тој никогаш не се одмара од своите цели. Неговите ножици беа неверојатни, но промаши и две одлични шанси, тоа е фудбалот.