Зидан без влакна на јазикот

Зидан без влакна на јазикот

Зинедин Зидан е исклучително разочаран од однесувањето на Јувентус по елиминацијата во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Европскиот првак го исфрли торинскиот клуб со спорен пенал во судиското продолжение по што цел свет се сплоти против Реал. По неколкудневно молчење, Зидан се осврна на таа тема и тоа на прес-конференцијата пред мечот со Малага.

Срамно е сето ова што се изрече на наша адреса и начинот на кој се однесуваат кон нас. Тоа што го кажа Буфон беше во афект и ние го прифативме како емотивно празнење.

Ние заслуживме да се пласираме натаму и тоа е најважното. Нашиот успех, очигледно, плаши многу луѓе и ги тера да ни завидуваат. Никој не може да ја смени историјата на клубот кој е најголем во светот – изјави Зидан.