Жоргињо: За трансферот во Челси ја прашав својата мајка!

Жоргињо: За трансферот во Челси ја прашав својата мајка!

Жоргињо минатото лето одлучи да го напушти Наполи и се пресели во редовите на лондонски Челси.

Иако се чинеше дека 27-годишниот Италијанец со бразилско потекло ќе се пресели во Манчестер Сити, сепак на крајот дојде до пресврт и тој се пресели на Стемфорд Бриџ.

Многу работи се случуваа и требаше да донесам многу тешка одлука. Да бидам искрен, ја прашав мојата мајка за совет, затоа што секогаш кога одлучувам за важните работи, разговарам со неа. Така беше и овој пат, а таа ми рече дека најдобро би било да одам во Челси. Тоа го направив и не се каам за тоа – изјави Жоргињо.

Инаку, Жоргињо е роден во Бразил, но живее во Италија од својата 15-та година. Тој настапува во дресот на италијанската репрезентација и досега има одиграно 13 натпревари за Аѕурите.