Жорди Алба има желба да остане во Барселона

Жорди Алба има желба да остане во Барселона

Левиот бек на Барселона се уште го нема продолжено договорот со каталонскиот клуб и се повеќе се шпекулира дека по крајот на сезоната ќе ги напушти Каталонците.

Шпански „АС“ пренесува дека Барселона размислува да го продаде Алба, а за неговите услуги е заинтересиран Јувентус.

Сепак, Жорди Алба се огласи во врска со овие гласини и порача дека негова желба е да остане во Барселона.

„За мене исто како и секогаш, има уште една година од договорот и не знам што мисли клубот за тоа. Смирен сум. Тие ќе видат дали сакаат да ја продолжиме соработката, но единствената вистина е таа дека сакам да останам во Барселона. Ова е клубот кој го сакам, но се зависи од нив“, изјави Алба.