Жизел Бундшен e модна божица во бела креација

Жизел Бундшен e модна божица во бела креација

Жизел Бундшен заедно со Барбара Стрејсенд беше наградена за активизмот за зачувување на животната средина на синоќешната Hollywood Science Gala.

На сивиот тепих, 38-годишниот супермодел позираше покрај сопругот Том Брејди со кого си разменија и бакнеж пред фоторепортерите. На свеченоста, атрактивната Бразилка изгледаше како модерна божица во бела креација од Стела МекКартни, сандали од Николас Кирквуд и накит од Шопард. Жизел ја доби наградата за нејзината заложба за подигнување на свеста за потребата да се преземе акција за да се зачува планетата.