Живот меѓу стаклени ѕидови

Живот меѓу стаклени ѕидови

Дали тајната на решавање од стресот, подобрување на здравјето и уживање се крие во ѕидовите на нашите домови? Една компанија тврди дека транспарентните ѕидови нудат подобар и поубав живот.

   

Се разбира, локацијата на таквата куќа игра клучна улога, бидејќи никој не сака да има транспарентни ѕидови во центарот на градот. Но, кога станува збор за локација во природа, тоа е веќе нешто друго.

Компанијата од Лондон тврди дека продолжената изложеност на сончева светлина има позитивен ефект врз нашиот биоритам и нашите тела подобро се само-регулираат во секоја смисла.

Затоа, инвеститорите и научниците ги здружија силите за да се создаде “фотон простор”, една куќа направена од отпорно стакло.

Има простор од 45 квадратни метри, јасен поглед од 360 степени, дневна соба, спална соба, кујна и бања. За да се изгради потребни се четири недели, а ентериерот се дизајнира да одговараат на клиентите.

Куќата блокира до 99,9 проценти од ултравиолетово зрачење, и околу 85 отсто “звучно загадување”. Исто така, стаклото обезбедува 63 проценти заштита против други видови на сончевата радијација.