Жељко и Јована Јоксимовиќ го прославија роденденот на синот Коста

Жељко и Јована Јоксимовиќ во средата попладне го прославија четвртиот роденден на синот Коста.

Убавата водителка и славниот пејач го организираа роденденот во една игротека во Белград, каде пристигнаа со близначките Ана и Срна.

Иако во минатото беа секогаш отворени за новинарите и медиумите, овој пат прославата беше само за најблиските пријатели, па така единствениот коментар кој го имаа беше дека сите  се добро расположени и дека е се спремно за забавата.

Едни од гостите беа и нивните соработници, но прво пристигна нивната фамилија, братот на Жељко, Саша Јоксимовиќ и ќерката на пејачот, Мина.