Ждрепка за Лига Европа – Адеми и Ристовски со Динамо против Вилјареал

Ждрепка за Лига Европа – Адеми и Ристовски со Динамо против Вилјареал

Хрватскиот првак Динамо Загреб кој синоќа сензационално го елиминираше Тотенхем на Жозе Мурињо со 3:0 после продолженија, во четвртфиналето на Лига Европа ќе игра против Вилјареал од Шпанија.


На ждрепката во седиштето на УЕФА во Нион, тимот на македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски ќе треба да го мине силниот шпански тим ако сака во полуфиналето да игра со победникот од втората четвртфинална двојка Арсенал – Славија Прага.

Манчестер Јунајтед доби релативно лесна задача против Гранада и се очекува во полуфиналето да игра против подобриот од дуелот Ајакс – Рома кој е и означен како дерби во четвртфиналната фаза.

Првите натпревари се закажани за 8 април, а реваншите за 15 април