ZenBook Pro Duo, лаптоп со два 4К екрани

ZenBook Pro Duo, лаптоп со два 4К екрани

Asus неодамна го претстави еден од своите најнапредни лаптопи кој пристигнува со два екрани со 4К резолуција.

Станува збор за ZenBook Pro Duo кој има два екрани, односно покрај стандардниот 15-инчен ОЛЕД екран со 4К резолуција, на горниот дел од тастатурата има уште еден екран наречен ScreenPad Plus со 32:9 формат кој може да се користи за користење на две или повеќе апликации.

За разлика од Touch Bar, ScreenPad Plus не користи ништо од ZenBook Pro Duo, освен што ја троши батеријата. Лаптопот и натаму поседува „нормална“ тастатура, а целиот дизајн потсетува на гејминг серијата на лаптопи Zephryus.

Asus исто така подготвија и софтвер за вториот екран кој го претвора во секундарен контролен панел, но може да се користи и како монитор и да се подели на два дела (16:9, 1080p). Може да се постави да работи како екстензија на главниот екран, да се користи за гледање на мултимедијална содржина, додека главниот екран се користи за работа во некоја програма.

ZenBook Pro Duo има осумјадрен Intel Core i9 процесор и Nvidia RTX 2060 графичка карта. Поседува четири микрофони наменети за користење на асистентите Alexa и Cortana. Располага и со Thunderbolt 3 порт, два USB-A порта, влез за слушалки и HDMI порт, а тежи 2,5 килограми.

Asus ќе понуди и поевтина и помала верзија на ZenBook Pro Duo која ќе пристигне со 14-инчен екран, дизајнот и концептот ќе бидат исти, но во овој случај двата екрани ќе бидат во Full HD, наместо 4К резолуција. Опција за Core i9 процесор нема, а графичката карта е поскромна – MX250.

Лаптопите би требало да бидат пуштени во продажба во третиот квартал од оваа година, а засега не е познато по која цена ќе се продаваат.