Зеленооката скандинавска убавица во која ќе се заљубите!

Зеленооката скандинавска убавица во која ќе се заљубите!

Убавицата Маја Кносгард доаѓа од Данска, а е препознатлива по своите впечатливи зелени очи со кои ќе ве освои на прв поглед.

Таа ја започнала својата манекенска кариера на само осум години, а оттогаш има работено за најголемите светски брендови и често позира за списанието “Sports Illustrated”.

Маја е родена во Копенхаген, а многумина ја споредуваат нејзината убавина со онаа на Анџелина Џоли и Синди Крафорд.

Кога не е на сетовите за снимање на фотосесии, таа слободното време го поминува на часови по јога или тренирајќи во рингот.

Како најомилени три работи ги наведува iPhone телефонот, чевлите и летото, а најдобар начин за уживање и претставува патувањето.

Кога станува збор за музиката, Бијонсе и е најомилена пејачка, а омилена жена од славните личности и е Џенифер Анистон. На себе најмногу ги сака усните и чистата кожа.