Здрави грицки кои ќе ве доведат до витко тело

Грицкањето помеѓу оброците често е најголемиот виновник за појавата на вишок килограми кај луѓето, а доколку се обидувате да ослабете тогаш започнете да го грицкате следново…

pobdete-go-apetitot-so-zdravi-gricki-1--

Секој предлог содржи од 150 до 200 калории, а освен што ќе ве однесе до витко тело туку и ќе ви го зачува здравјето.

Павлака со малини

pobdete-go-apetitot-so-zdravi-gricki-1

Комбинацијата на павлака и малини добро ќе ве засити и одлично ќе влијае врз вашето здравје. Павлаката содржи протеини кои се добри за мускулите, а малините се богати со витамин Ц, кој пак го забрзува согорувањето на маснотиите во организмот.


Ореви и грозје

pobdete-go-apetitot-so-zdravi-gricki-2

Овие вкусни намирници ќе ви ја задоволат желбата за храна и на организмот ќе му обезбедат хранливи материи. Грозјето содржи шеќер кој ја дава потребната енергија, а со оревите ќе внесете протеини и здрави маснотии.


Бисквити од житарки и сирење

pobdete-go-apetitot-so-zdravi-gricki-3

Грицкајте крекери или бисквити кои се направени од житарки, а за уште подобро уживање пресечете си неколку парчиња на сирење.


Овесна каша со боровинки

pobdete-go-apetitot-so-zdravi-gricki-4

Оваа вкусна комбинација не е резервирана само за утринските часови, туку е одлична за секој дел од денот. Таа е одлична ужина за сите кои се обидуваат да ослабат, а боровинките ја прават кашата вкусна.


Банана и путер од кикирики

pobdete-go-apetitot-so-zdravi-gricki-5

Двете намирници содржат состојки кои даваат енергија за целиот ден, а вас брзо ќе ве заситат и ќе ви го задоволат зголемениот апетит.