Здрава навика: Започнете го денот со прошетка

Здрава навика: Започнете го денот со прошетка

Открвиме важни причини зошто треба да пешачите најмалку 20 минути секој ден.

Ако пешачите најмалку 20 минути на ден, оваа активност ќе го подобри вашето расположение, ќе ја намали раната деменција и ризикот од Алцхајмерова болест. Исто така, ќе го намалите нивото на стрес и ќе го зголемите нивото на ендорфин, хормонот на среќата. 

Вашето срце ќе функционира понормално, ќе го намалите нивото на висок крвен притисок и холестерол и ќе ја зголемите циркулацијата на крвта. Покрај тоа, белите дробови ќе ви се заблагодарат затоа што одењето ќе го подобри дишењето.

Со пешачењето лесно ќе се справите со дигестивните проблеми, а исто така ќе го намалите ризикот од рак на дебелото црево. Вашите мускули ќе станат посилни, ќе изгубите вишок килограми и ќе ја подобрите подвижноста на коските и зглобовите.

Конечно, ако сакате мир и неколку минути само за себе, одете на прошетка. Оваа активност ќе го смири вашиот ум, ќе ги намали симптомите на депресија и ќе помогне да се намалат чувствата на слабост и исцрпеност.