Заврши супер летната забава „Супер Скопје“

По исполнети четири викенди по ред, вчера вечер со настап на повеќе изведувачи на Боемската улица во Дебар Маало заврши летната забава „Супер Скопје“  .

Во изминатите две вечери пред скопската публика настапија Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна, Џамбо Агушев Оркестар, Влатко Илиевски, Фолтин и Синтезис.

Иницијативата за „Супер Скопје“ произлезе како предлог од сопствениците и менаџерите на угостителските објекти, а истата беше во насока на подобрување на состојбата со забавниот живот и понуда во Скопје.

Главен организатори на „Супер Скопје“ беше ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата беа задолжени „Горила Вајлд ентертејмент груп“).

Согласно одлука на Советот на Град Скопје, вечерите кога се одржуваше „Супер Скопје“, работното време на угостителските локали беше продолжен за еден час .