Заврши авантурата на Буфон во ПСЖ

Заврши авантурата на Буфон во ПСЖ

Џанлуиџи Буфон пристигна во ПСЖ минатото лето откако му истече договорот со Јувентус, а по само една сезона, тој веќе го напушта Париз.

На мојата авантура надвор од Италија ѝ дојде крајот. Им благодарам на сите во Париз кои ми ја дадоа шансата и за емоциите кои ги доживеавме заедно. Пристигнав пред една година полн со ентузијазам и бев пречекан на неверојатен начин. Ви благодарам за одличното искуство, но дојде време да се вратам во Италија – изјави Буфон.

Од ПСЖ исто така потврдија дека договорот на Буфон истекува по крајот на овој месец и со оглед на тоа што договорот нема да биде продолжен, Буфон ќе се врати во Италија.