Запознајте ја жената која се нема насмеано 40 години

Тес Кристиан е 50 годишна жена која изминативе 40 години ги поминала без насмевка на лицето, намерно.
Таа вели дека не го избегнува хуморот, ниту дружењето со пријателките, туку само одбива да се смее со една цел – мазно лице без брчки.
Сите ме прашуваат дали користам ботокс, но им одговарам со негација, па потоа објаснувам дека се немам насмевнато откако бев тинејџерка. Дефинитивно се исплати.
Кога нешто ќе ми стане смешно и сакам да се насмевнам, што се случува често во текот на денот, само ги контролирам мускулите и ги држам вкочанети, објаснува Тес.