Запознајте го McLaren Speedtail

Запознајте го McLaren Speedtail

Британски McLaren го претстави својот нов суперавтомобил, наследникот на легендарниот “F1” кој што го доби називот “Speedtail”.

McLaren Speedtail е одговорот на британската компанија на Bugatti Chiron, но за разлика на моделот на Bugatti кој што ја користи „сировата моќ“ на својот мотор (1,500 коњски сили), новиот суперавтомобил на McLaren пред се ја користи аеродинамиката за зголемување на своите перформанси.

Од McLaren не открија кој точно мотор е задолжен за погонот, но се претпоставува дека станува збор за 4.0-литарскиот V8 мотор од моделот “Senna” и електромоторот од моделот “P1” кои што заеднички произведуваат 1,050 коњски сили.

Новиот “Speedtail” од 0 до 300 километри на час развива за 12,8 секунди, што е за дури 2,7 секунди побрзо од “P1”, додека максималната брзина изнесува 402 километри на час.

Што се однесува до изгледот на новиот автомобил на McLaren, додека предниот дел на “Speedtail” ги поседува карактеристиките на најновите модели на McLaren, изгледот на кабината и издолжениот заден крај го прават овој модел навистина специфичен.

Во кокпитот очекувано, доминира дигиталната командна табла со дури 5 екрани, од кои двата странични се резервирани за приказ на сликата која што доаѓа од камерите кои што се поставени на местото каде што вообичаено стојат огледалата на ретровизорите.

Од McLaren соопштија дека ќе бидат произведени само 106 примероци на “Speedtail”. Испораката започнува во 2020-та година, а цената на автомобилот изнесува вртоглави 1,97 милиони евра.