Запознајте го братот на Вук Костиќ

Запознајте го братот на Вук Костиќ

Вук Костиќ е еден од најбараните актери во Србија, но и покрај оваа титула тој не толку често зборува за неговиот приватен живот.

Па поради тоа многу се изненадија кога дознаа дека актерот има брат, по име Нестор. Тој е една година постар од Вук и работи како професионале нуркач, деновите ги поминува на отворено море и се држи подалеку од медиумите.

Posted by Nestor Kostic on Saturday, 27 May 2017

Нашиот татко беше морнар пред да заврши глума, па така ни ја всади љубовта кон водата и природата воопшто, па така ние двајца заедничкото време често го поминуваме спортувајќи. Ете така се случи Нестор сега да работи на брод, а јас да сум актер, па и двајцата секој на свој начин го наследивме татко ни – откри Вук во едно интервју.

Тој сега работи и живее во странство, но до 22 години ја делеше собата со братот.