Запознајте ги прекрасните синови на Бочели

Запознајте ги прекрасните синови на Бочели

Синот, заедно со неговиот татко, италијанскиот пејач Андреа Бочели, го сними дуетот за песната “Fall On Me” каде тој пее на англиски, а Андреа на италијански и спотот за песната веќе има повеќе од 7 милиони прегледи.

Матео Бочели (21) е син на италијанскиот тенор Андреа Бочели (60) и неговата прва сопруга Енрике Цензати, а на социјалните мрежи веќе стана миленик на жените.

Младиот Матео инаку се занимава со манекенство па во една прилика за американскиот моден бренд позира со пејачката Џенифер Лопез (49). На провокативната фотографија латино дивата во припиен и краток фустан го прегрнува Матео.

“Па тоа е синот на Андреа Бочели, каков крал. Вие италијанците имате некоја примамлива и мистериозна убавина која не можам да ја објаснам”, беше еден од коментарите под фотографијата.

Пред неколку дена на Јутјуб излезе новата песна од албумот на Бочели “Si”, а која собра повеќе од 11 милиони прегледи. Песната се вика “Fall On Me”, а во спотот Андреа пее на италијански, а неговиот син на англиски.

На сите им е јасно дека Матео го доби пејачкиот дар од таткото, а покажа дека знае да свири клавир еднакво добро како неговиот татко.

Матео има и постар брат Амос (23) кој исто така се појавува во спотот и свири клавир во песната “I am Here” и “Ali di Liberta”. И додека неговиот помлад брат се пробива во манекенските и пејачките води, Амос по професија е инженер, а на Инстаграм покажува дека е голем љубител на животни и екстремни спортови.

View this post on Instagram

. #LosAngeles walk of fame

A post shared by Andrea Bocelli (@andreabocelliofficial) on