Започнува Скопје филм фестивал!

Започнува Скопје филм фестивал!

Пред годинашниов официјален почеток, Скопје филм фестивал, заедно со Кинотека на Северна Македонија ве покануваат на пред-фестивалската ревија на шпански филмови со фокус на режисерските великани Луис Гарсија Берлaнгa, Карлос Саура и Луис Буњуел, насловена „СФФ Класик“. Ќе бидат прикажани вкупно 13 играни и документарни филмови.

Програмата е реализирана во соработка со Амбасадата на Кралството Шпанија. Автор на плакатот е Апостол Тноковски.

Ревијата ќе се одржи од 5 до 10 април, во Кинотеката, а ќе почне во петок (5 април, 2019 година) во 18 часот со документарниот филм Фламенко Фламенко на Карлос Саура.

Со задоволсво ве известуваме дека завршуваат подготовките за годинешното 22 издание на Скопје филм фестивал кој ќе се одржи од 17 до 25 април 2019 година.

Програма на СФФ Класик:

Кинотека на Северна Македонија

5 април (петок)

18:00 ч. ФЛАМЕНКО, ФЛАМЕНКО (Flamenco, Flamenco)

Документарен филм, Шпанија 2010, 97 мин. Режија: Карлос Саура (Carlos Saura)

Сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura) Улоги: Пако де Лусиа, Сара Барас, Хозе Мигуел Кармона, Монтсе Кортес, Мигуел Поведа (Paco de Lucía, Sara Baras, José Miguel Carmona, Montse Cortés, Miguel Poveda)

ФЛАМЕНКО, ФЛАМЕНКО е еволутивно музичко патување низ светлината, песната и танцот на динамичната и жива уметничка форма. Филмот прикажува концентрирана доза на врвни изведувачи на фламенкото, ветерани и помлади танчери, пејачи и музичари, како Сара Барас, Марија Бала, Пако де Лусиа, Мигуел Поведа…

20:00 ч. ПЛАСИДО (Plácido)

Игран филм, Шпанија 1961, 85 мин. Режија: Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga) Colina, José Luis Font, etc.) Улоги: Касен, Хозе Луис Лопес Васкез, Елвира Квинтиља, Мануел Александре, Марио Бустос

Пласидо е сиромашен возач на камиони во едно мало шпанско гратче. Тој се обидува да заработи доволно за да ги исплати сите рати за купениот камион за да не му биде одземен. Неговото семејство не може да си дозволи ниту дом, немаат пари за кирија, и на Пласидо му се чини оти им нема крај на маките и сиромаштијата. Но, за време на божиќните празници, богатите госпоѓи во гратчето ќе решат својата „христијанска“ побожност да ја докажат со тоа што ќе поканат бездомни и сиромашни сограѓани на своите раскошни празнични трпези…

6 април (сабота)

18 ч. СИМОН СТОЛПНИКОТ (Simon del desierto / Simon of the Desert)

Игран филм, Мексико 1965, 45 мин. Режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel) Сценарио: Хулио Алехандро, Луис Буњуел (Julio Alejandro, Luis Buñuel) Улоги: Клаудио Брук, Силвија Пинал, Хортенсија Сантовења, Луис Ачевес Кастањеда, Енрике Алварез Феликс

Дејствието на филмот е сместено во петтиот век од нашата ера. Аскетот Симон е длабоко религиозен христијанин и во желбата да им се спротивстави на овоземските искушенија и да биде поблиску до Бога, се решава на саможртвување – живее на еден столб сред пустина.

Филмовите ВИРИДИЈАНА (1961), АНГЕЛОТ ИСТРЕБУВАЧ (1962) и СИМОН СТОЛПНИКОТ ја сочинуваат критичката трилогија за религијата на Буњуел.

19 ч. ЏЕЛАТ (El verdugo / The Executioner)

Игран филм, Шпанија / Италија 1963, 90 мин. Режија: Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga) Сценарио: Рафаел Аскона, Луис Гарсија Берланга (Rafael Azcona, Luis García Berlanga) Улоги: Нино Манфреди, Ема Пенеља, Хозе Исберт, Хозе Луис Лопез Васкез, Анхел Алварез

Амадео треба да се пензионира. Неговата професија не е многу „популарна“ – тој е џелат – и тешко му е да најде наследник. Тоа многу го загрижува, бидејќи, иако по природа е тивок и повлечен човек, сепак не сака, по него, некој некомпетентен да ја преземе таа толку деликатна работа. Неговата ќерка, исто така, има проблем поради професијата на татка си, не може да си најде момче, зашто никој не сака да му биде зет на градскиот џелат. Младиот Хозе има сличен проблем. Тој е гробар, добро заработува, но ниту една девојка не го сака поради професијата. Освен Кармен, ќерката на џелатот.

20:30 ч. ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА (Cet obscur objet du desir / That Obscure Object of Desire)

Игран филм, Франција / Шпанија 1977, 102 мин.Режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel) Сценарио: Луис Буњуел, Жан-Клод Кариер (Luis Buñuel, Jean-Claude Carrière) Улоги: Фернандо Реј, Карол Буке, Анхела Молина, Жилиен Берто, Андре Вебер

ТОЈ МРАЧЕН ПРЕДМЕТ НА ЖЕЛБАТА е последен филм на Буњуел. Неговата сторија се случува во Шпанија и во Франција и зборува за еротскиот однос меѓу Матје (Реј) и Кончита, а во заднина се терористичките напади во Европа во текот на 70- тите години од минатиот век. Матје е богат средовечен Французин, а Кончита е неговата поранешна деветнаесетгодишна собарка, нивниот однос е емоционална игра на мачка и глушец.

7 април (недела)

18 ч. БИКЧЕТО (La vaquilla / The Heifer)

Игран филм, Шпанија 1985, 122 мин. Режија: Луис Гарсија Берланга (Luis García Berlanga) Сценарио: Рафаел Аскона, Луис Гарсија Берланга (Rafael Azcona, Luis García Berlanga) Улоги: Алфредо Ланда, Гиљермо Монтезинос, Сантијаго Рамос, Хозе Сакристан, Карлес Велат

За време на Шпанската граѓанска војна, на фронтот на Арагон, една група републикански војници ќе се прикраде до селото во кое се сместени „франковистите.“ Имаат за цел да украдат вол за да ги прехранат своите соборци. Во селото се празнува селската слава и републиканците влегуваат облечени во униформи на своите непријатели, сметајќи дека во сета таа врева и врвулица од луѓе, ќе останат незабележани. Меѓутоа, нивнот план паѓа во вода кога ќе бидат вмешани во трка со бикови низ селото, потоа и во верска процесија.

20,30 ч. ТРИСТАНА (Tristana)

Игран филм, Шпанија / Франција / Италија 1970, 99 мин.Режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel) Сценарио: Хулио Алехандро, Луис Буњуел (Julio Alejandro, Luis Buñuel) Улоги: Катрин Денев, Фернандо Реј, Франко Неро

По смртта на мајка ѝ, младата Тристана (Денев) останува сираче. Ја посвојува дон Лопе (Реј), угледен средовечен интелектуалец и атеист. Дон Лопе најпрвин ја третира Тристана како сопствена ќерка, но набргу да ја доживува како жена и почнува да ја освојува како маж. Со текот на времето Тристана созрева и посакува да има сопствен избор на слободно одлучување. Се вљубува во младиот уметник Хорацио (Неро) и си заминува со него. По извесно време Тристана тешко се разболува и останува без нога. Се враќа кај нејзиниот аристократски заштитник дон Лопе, но нивниот однос сега е променет…

Понеделник (8 април)

18 ч. АНГЕЛ ИСТРЕБУВАЧ (El Angel Exterminador / The Exterminating Angel)

Игран филм, Мексико 1962, 95 мин.Режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel) Сценарио: Луис Буњуел, Луис Алкориза (Luis Buñuel, Luis Alcoriza) Улоги: Силвија Пинал, Жаклине Андер, Енрике Рамбал

АНГЕЛ ИСТРЕБУВАЧ е горчлива сатира на Буњуел за високата класа, во која тој ја прикажува постапната дегенерација на група отмени луѓе од аристократи до дивјаци со животинско однесување.

20:00 ч. ТАНГО (Tango)

Игран филм, Шпанија / Аргентина 1998, 115 мин. Режија: Карлос Саура (Carlos Saura) Сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura) Улоги: Мигел Анхел Сола, Сесилија Нарова, Миа Маестро, Енрике Пинти, Хуан Карлос Копес

Главниот лик во филмот, режисерот Марио Суарез се обидува да направи филм за тангото. Осамен, откако го напуштила сопругата Лаура, која била и негова главна танчерка, тој бара болни и брутални теми од минатото на Аргентина, а истовремено на своите музичари и танчари им дава слобода на изразување која е неопходна за да се задоволат вкусовите и очекувањата на аргентинската публика. Ситуацијата уште повеќе ќе се вжешти кога режисерот ќе се вљуби во главната танчарка Елена, инаку девојка на моќниот гангстер Анхело Ларока, кој е и главниот финансиер на филмот.

Вторник (9 април)

18 ч. ВИРИДИЈАНА (Viridiana)

Игран филм, Шпанија / Мексико 1961, 90 мин. Режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel) Сценарио: Хулио Алехандро, Луис Буњуел (Julio Alejandro, Luis Buñuel) Улоги: Силвија Пинал, Франциско Рабал, Фернандо Реј, Хосе Калво, Маргатира

Виридијана (Пинал) е милосрдна сестра – искушеничка пред полагањето на конечниот завет. Главната милосрдна сестра ја тера Виридијана да го посети нејзиниот вујко, дон Хаим (Реј), кој ѝ бил старател пред да дојде во манастирот. Виридијана многу личи на покојната сопруга на Хаим, се вљубува во неа и на различни начини се обидува да ја наговори да остане да живее покрај него на имотот.

ВИРИДИЈАНА е првиот филм на Луис Буњуел снимен во Шпанија по прогонот што траел 25 години. Филмот ја доби „Златната палма“ во Кан во 1961 година.

20:00 ч. ГОЈА ВО БОРДО (Goya en Burdeos)

Игран филм, Шпанија / Италија 1999, 107 мин. Режија: Карлос Саура (Carlos Saura) Сценарио: Карлос Саура, Луиџи Скатини (Carlos Saura, Luigi Scattini) Улоги: Франсиско Рабал, Хосе Коронадо, Марибел Верду, Еулалија Рамон, Дафне Фернандез

Франциско Гоја (го толкува Франциско Рабал), глув и болен, ги живее последните години во Бордо, Франција, со сопругата Леокадија и ќерката Росарио. Живее во доброволен егзил, протестирајќи против репресивното владеење на кралот Фердинанд VII во Шпанија. Всушност, Гоја побегнал во Франција откако жената од неговите соништа Кајетано, војвотката од Алба (ја игра Марибел Верду), непромислено и се спротивставила на кралицата Марија Лујза и таа неразумност ја платила со животот.

Среда (10 април)

18 ч. ДИСКРЕТНИОТ ШАРМ НА БУРЖОАЗИЈАТА (Le charme discret de la bourgeoisie / The Discreet Charm of the Bourgeoisie)

Игран филм, Франција 1972, 102 мин., колор, 35 мм Режија: Луис Буњуел (Luis Buñuel) Сценарио: Луис Буњуел, Жан-Клод Кариер (Luis Buñuel, Jean-Claude Carrière) Улоги: Фернандо Реј, Делфин Сејриг, Пол Франкер, Стефани Одран, Жан-Пјер Касел, Милена Вукотиќ

Дејствието на филмот се врти околу кошмарите на неколку пријатели кои постојано се обидуваат да се сретнат на заедничка вечера. Дон Рафаел Акоста (Реј) е амбасадор на измислената јужноамериканска држава Миранда, кој шверцува кокаин што им го продава на своите пријатели Тевено (Франкер) и Сенешал (Касел). Кога амбасадорот и неговите

пријатели пристигнуваат во домот на Сенешал, дознаваат дека се работи за недоразбирање, зашто вечерата била закажана за утредента.

20 ч. ЗМИЈА В ПАЗУВИ (Cría Cuervos / Cria!)

Игран филм, Шпанија 1976, 105 мин. Режија: Карлос Саура (Carlos Saura) Сценарио: Карлос Саура (Carlos Saura) Улоги: Џералдина Чаплин, Моника Рандал, Флоринда Чико, Хектор Алтерио

Во последните години на Франковата диктатура, сестрите Ана, Ирене и Маите, сега сирачиња, мора да живеат со строгата тетка Паулина, неподвижната баба и грижливата слугинка Роса. Ана е убедена дека самата е виновна за смртта на својот татко, воен офицер, кој, пак, исто така, според верувањето на Ана, е виновен за прераната смрт на нивната мајка. Во темната куќа во која живеат, Ана се обидува да ги совлада болката од загубата и чувството на вина. Во повеќе моменти, кога почнува да ги меша фантазијата и спомените и да ги доживува како реалност, таа има „средба“ со дух. Таа комуникација, која Ана не може да ја дефинира, е спасоносната сламка за која се фаќа за да излезе од комплицираното и тешко детство.