Започнете денес со правилна исхрана на почетокот на пролетта!

Започнете денес со правилна исхрана на почетокот на пролетта!

Денеска е прв ден од пролетта, а со самото тоа кај сите нас се буди нова надеж, нова енергија и очекувања.

Токму затоа, зошто да не започнеме со нови навики, поддржани од врвните производи на линијата Wellness на Орифлеим. 

Започни го секој оброк со салата во боја!

По консумирање овошје и зеленчук, ќе јадеш помалку калорична храна. Исто така ова ќе му овозможи на твоето тело многу антиоксиданти, витамини и минерали. Ако е можно, потруди се да одбереш органско овошје и зеленчук.

Користи додаток во исхраната

Секојдневното консумирање додаток во исхраната што содржи витамини, минерали, антиоксиданти и омега 3 масни киселини, ќе ти овозможи да ги добиеш хранливите состојки што се потребни за нормално функционирање на срцето, видот, метаболизмот и имунитетот. Наш совет: пробај го Wellness пакувањето на Орифлеим – висококвалитени додатоци во исхраната со повеќе од 20 витамини, омега 3 киселини и астаксантин, идеална комбинација специјално наменета за машките и женските потреби.

Ограничи го консумирањето алкохол

Алкохолот може да предизвика проблеми со спиењето, може да го зголеми твојот апетит и е исто така калоричен и штетен за твоето тело. Затоа, ограничи го консумирањето и овозможи си поздрави празници.

Користи педометар и прави 10.000 чекори во денот

Лесните вежби, како што е чекорењето, ги топат масните наслаги, ја регулираат тежината, го зајакнуваат твоето тело и ти даваат повеќе енергија. Исто така тоа е одличен начин да стекнеш нови пријателства!

Легни си порано!

Недостигот од сон може да влијае штетно на телото, на пример да предизвика проблеми со имуниот систем. Затоа, легни си порано!