За Мурињо јасно е кои се фаворити за освојување на ЛШ

За Мурињо јасно е кои се фаворити за освојување на ЛШ

Жозе Мурињо смета дека ниту еден од четирите англиски клубови нема да се пласира во финалето од Лигата на шампионите на стадионот Ванда Метрополитано на 1-ви јуни.

Фаворити? Јас би рекол Барселона и Јувентус. Сите говорат за Роналдо и Меси, но јас би сакал да говорам за Барселона и Јувентус – изјави Жозе Мурињо и додаде:

Англиските екипи, Ајакс и Порто исто така се добри екипи, но тие го немаат потребното искуство. Кога ги имаш Роналдо или Меси, тоа сигурно ти дава голем плус – изјави Жозе Мурињо.