Xiaomi го претстави Mi Smart Band 4C

Xiaomi го претстави Mi Smart Band 4C

Xiaomi претстави исклучително достапна паметна нараквица, под името Mi Smart Band 4C.

Уредот го каракетризира работен век на батеријата од 14 дена, 1.08-инчен екран, следење на работата на срцето и голем број фитнес модови, а сето тоа по ниска цена.

Mi Smart Band 4C има 1.08-инќен TFT екран со 128 x 220p резолуција и 200 нита осветлување. На батеријата од 130mAh и се потребни околу два часа да се наполни до врв, преку USB портот на уредот.

Паметната алка има поддршка за следење на пет различни спортски модови – трчање на отворено, вежбање, возење на велосипед, подвижна лента и брзо одење. Исто така, може да го следи спиењето, да бои чекори и да дава известувања доколку корисникот бил предолго неактивен.

Преку уредот е можно да се добиваат известувања, дојдовни повици од телефонот, како и контролирање на музиката. Нараквицата е тешка само 13 грама и има 5ATM водоотпорност.

Xiaomi Mi Smart Band 4C најпрвин е достапен на пазарот на Малезија, каде се нуди по цена од околу 20 евра, а се очекува дека наскоро ќе биде во продажба и на другите пазари.