Xiaomi го подготвува својот најмоќен телефон

Xiaomi го подготвува својот најмоќен телефон

Xiaomi својот паметен телефон Black Shark 2 кој се развива под кодното име Skywalker, ќе биде примарно наменет на љубителите на видео игрите, а најверојатно ќе биде претставен во април оваа година.

Директорот на кинеската компанија Xiaomi задолжен за развојот на гејмерскиот модел Black Shark, Ванг Тенг Томас, на Weibo откри дека веќе го видел одблиску новото издание на тој паметен телефон и истакна дека станува збор за „многу кул“ телефон.

Засега не е познато дали телефонот ќе го носи називот Black Shark 2 или ќе добие нов назив, а се нагаѓа дека „под хаубата“ ќе го има Snapdragon 855 процесорот на Qualcomm. Покрај тоа, телефонот ќе располага со најмалку 8 GB RAM меморија и оперативен систем Android 9.0 Pie.

Сепак, можно е телефонот да располага со уште поголема RAM меморија, со оглед на тоа што Xiaomi пред неколку месеци ја претстаави унапредената Black Shark Helo верзија која што имаше фантастично 10 GB RAM меморија.

Засега не е познато дали новата генерација на Black Shark ќе пристигне со 3.5 мм аудио влез, а речиси сигурно е дека телефонот ќе пристигне со батерија со капацитет од најмалку 4.000 mAh и ќе поддржува Quick Charge 3.0 брзо полнење.

Како што пренесува Tech Radar, првиот Black Shark на Xiaomi беше претставен во април минатата година, па голема е веројатноста од Xiaomi да се одлучат за ист пристап на премиерата на новиот модел кој би требало да биде најмоќниот во нивната понуда.