Xiaomi доаѓа со два нови телефони Mi Mix 2 и Mi Note 3

Xiaomi доаѓа со два нови телефони Mi Mix 2 и Mi Note 3

Кинескиот гигант, смартфонот Xiaomi е спремен за да ги лансира Mi Mix 2 и Mi Note 3 на денешниот настан во Пекинг, Кина.

Компанијата ќе го пренесува ласнирањето во живо на својата веб – страница. Лансирањето исто така ќе се пренесува во живо и на Фејсбук страницата на Xiaomi. Засега не постојат многу детали за овие два телефони, но претходно објавија дека Mi Mix 2 е дизајниран во соработка со познатиот дизајнер Филип Старк.

Xiaomi Mi Mix 2 е наследник на паметниот телефон Mi Mix, кој беше лансиран во октормври 2016 година. Тој е познат по својот дисплеј без рамка. Се верува дека  наследникот да продолжи со истиот тренд. Исто така, се очекува да работи со процесорот Qualcomm Snapdragon 835. Оперативниот систем да биде MIUI 9 кој е базиран на Андроид Нугат. Компанијата неодамна ја претстави најновата верзија на свјот MIUI во Кина. Најверјатно внатрешното складирање ќе биде од 256 GB и капацитет на батерија од 4400 mAh.

Што се однесува до Mi Note 3, тој е наследник на Mi Note 2. Ко – основачот на Xiaomi, Лин Бин, неодамна го постираше на неговата Weibo страница.