Xbox One добива поддршка за тастатура и глувче

Xbox One добива поддршка за тастатура и глувче

Мајкрософт соопштија дека на 14-ти ноември ќе понудат надградба која ќе им овозможи на корисниците на Xbox One да користат глувче и тастатура.

Тоа не значи дека сите игри веднаш ќе ги отфрлат контролерите, затоа што оваа можност, како што потврдија од Мајкрософт ќе биде на располагање кај вкупно 14 игри.

Fortnite и Warframe се најголемите наслови кои што ќе бидат опфатени од поддршката за тастатура и глувче, а само седум од нив ќе бидат достапни веднаш после надградбата. Како и да е, од Мајкрософт откриваат дека за останатите наслови нема да се чека долго.

Во ноември, играчите со помош на тастатура и глувче ќе можат да ги играат игрите Fortnite, Bomber Crew, Deep Rock Galactic, Strange Brigade, Vermintide 2, War Thunder i X-Morph Defense, dok će se toj listi uskoro priključiti igre Children of Morta, Day Z, Minion Master, Moonlighter, Vigor, Warface и Wargroove.

Девелоперите ќе треба да ја имплементираат поддршката за тастатура и глувче кај останатите игри на оваа гејминг конзола. Fortnite ќе може да се игра со тастатура и глувче само со другите играчи кои што исто така ќе играат со тастатура и глувче со цел да се осигура баланс во играта.

Освен поддршката за тастатура и глувче, од Мајкрософт ја најавија соработката со компанијата Razer која што ќе ја претстави првата механичка бежична тастатура и глувче наменети за Xbox One на Consumer Electronics Show во јануари.