Windows 10 работи против небезбедните Wi-Fi мрежи

Windows 10 работи против небезбедните Wi-Fi мрежи

После претставувањето во мај за надградбата за оперативниот систем Windows 10, Microsoft ја откриле намерата да отстранат некои од функциите од идните верзии на тој оперативен систем.

Една од нив е отстранување на поддршката за поврзување со Wi-Fi мрежите кои се заштитени со постариот WEP алгоритам, кој во денешно време се смета за небезбеден.

На корисниците им се препорачува употреба на модерните и подобри WPA2 и WPA3 алгоритми, од кои вториот е претставен минатата година.

А, за корисниците навреме да бидат информирани за оваа промена, веќе во надградувањето во мај било видливо предупредувањето за отстранување на поддршката за WEP.

Таа официјално би можела да биде укината веќе со доаѓањето на есенската надградба за Windows 10, која може да се очекува во октомври или во ноември.