Второ издание на натпреварот во функционален фитнес – Fit Games

Второ издание на натпреварот во функционален фитнес – Fit Games

По успехот на минатогодишниот настан, организаторите на Fit Games повторно повикуваат на предизвик за проверка на физичката спремност во спортска, пријателска и забавна атмосфера на 7 октомври со почеток во 12 часот на платото пред Skopje City Mall.

На првиот Fit Games натпревар кој се одржа на 27 октомври 2017 учествуваа  28 натпреварувачи, од кои 19 мажи и 9 жени, а тројцата најдобри во машка и женска категорија беа избрани според резултатите во 8 вежби од напредно ниво.  

Оваа година бројот на учесници е ограничен на 40 мажи и жени. Котизацијата за учество изнесува 400 денари, со која секој натпреварувач добива дизајнирана маица за натпреварот, високопротеински енергетски оброк, овошје и вода. Првите тројца во двете категории (мажи/жени) ќе добијат медали и награди – парични награди во износ од 200 евра за освоено прво место, 100 евра за второ и 50 евра за трето место, како и спортска опрема, спортски суплементи, пакет производи и ваучери за услуги од повеќе компании – поддржувачи на настанот.

Натпреварот е од отворен тип, што значи дека може да се пријави секој што се чувствува спремен да ги тестира своите физички способности. Повеќе информации на официјалната Facebook страница на настанот Fit Games vol.2

„Основната цел и мотив за организација на овој настан е промоција на здравиот и активен стил на живот преку натпревар кој делува мотивирачки и на учесниците и на гледачите. Борбата низ која поминува секој од натпреварувачите најпрвин сам со себе, а потоа и со конкуренцијата во тие неколку часа, е навистина исклучително искуство кое не треба да го пропуштите. Ако се појавите на Fit Games во улога на натпреварувач ова искуство ќе ви помогне да научите многу за себе, а како гледач без сомнение ќе ве мотивира да ги тестирате сопствените граници.“  – објаснуваат организаторите Марио Јовановски (MarioFit.net) и Оливер Целески (Nagomy Fitness Center).

Натпреварот е организиран од Mario Jovanovski – www.MarioFit.net и NagomyFitness Centre во соработка со Ultimate Fit Alebras, Фитнес Револуција и Мој Тренер, со поддршка од Skopje City Mall, Општина Карпош, Nike, Ewopharma – Flexofytol, Fitness House, вода MaYa, Perutnina Ptuj, Be Healthy, Cryo MK, Qubit plus, Млекара Јока и СН Осигурителен Брокер. Модератор на настанот е Марко Новески, а за музиката ќе се погрижи DJ Irie Scratch.