Вртоглави суми заработија актерите од Game of Thrones

Вртоглави суми заработија актерите од Game of Thrones

Game of Thrones заврши, но впечатоците сè уште не стивнуваат. Порталот „Брајт сајд“  објави листа на глумците кои најмногу заработија од неа вкупно.

Листата изгледа вака:

15. Натали Емануел (Мисандеи) – милион долари;

14. Алфи Ален (Теон Грејџој) – два милиона долари;

13. Конлет Хил (Варyс) – два милиона долари;

12. Гвендолин Кристи (Бриен од Тарт) – три милиони долари;

11. Јаин Глен (Џорах Мормонт) – три милиони долари;

10. Ајзек Хемпстед Рајт (Брен Старк) – четири милиони долари;

9. Софи Тарнер (Санса Старк) – шест милиони долари;

8. Мејси Вилијамс (Арја Старк) – шест милиони долари;

7. Натали Дормер (Маргери Тyрел) – шест милиони долари;

6. Рори Меккан (Сандор Клеган) – шест милиони долари;

5. Лена Хеди (Серсеј Ланистер) – девет милиони долари;

4. Кит Харингтон (Џон Сноу) – 12 милиони долари;

3. Емилија Кларк (Денерис Таргаријен) – 13 милиони долари;

2. Питер Динклиџ (Тајрион Ланистер) – 15 милиони долари;

1. Николај Костер-Валдау (Џејми Ланистер) – 16 милиони долари;

Данскиот глумец неколкупати доби покачување, а за последната сезона заработуваше по 1,1 милиони долари по епизода.