Вознијацки е четвртата најуспешна активна тенисерка

Вознијацки е четвртата најуспешна активна тенисерка

Каролине Вознијацки ја освои својата 30-та „ВТА“ титула во кариерата, откако во едностраното финале на Кина опен во Пекинг, успеа да ја елиминира Летонката Анастасија Севастова со 6:3/6:3 за да го подобри скорот против противничката на 5-0.

Данката сигурно ќе ја памети 2018 година, откако ја освои својата прва гренд слем титула во кариерата, Австралија опен во јануари, и сега има 40-15 скор оваа сезона и со 30 титули е четврта на листата на активните тенисерки, зад Серена Вилијамс (72), Венус Вилијамс (49) и Марија Шарапова (36).

Вознијацки освои три гема во низа по 2:2 во првиот сет за да ја преземе контролата на мечот, по што ја искористи втората сет-топка за 1:0 водство. Во вториот сет, Данката почна уште поимпресивно освојувајќи два брејка за 4:1 водство, пред Севастова да се врати на 4:3.