„Волците“ го гризнаа Тотенхем

„Волците“ го гризнаа Тотенхем

Екипата на Тотенхем оствари неколку извонредни победи на последните натпревари како против Евертон (6-2) и Бурнмаут (5-0), но денеска им приреди вистински шок на своите навивачи и загуби од Вулверхемптон со 3-1 во завршниот меч за оваа календарска 2018 година.

Тотенхем комплетно заспа во вторите 45 минута, а тоа го искористија „волците“ кои направи голем пресврт и на крај се радуваа на голем триумф против еден од претендентите за титулата.

Кејн во 22 минута му донесе водство на фаворитот, водство кое стоеше на семафорот од 72 минута. Од тој момент, па до 87 минута Вулвс преку Боли, Хименез и Коста реализираа три пати што секако беше доволно да го освојат „Вембли“.

Со ова Ливерпул доби уште еден предновогодишен подарок со тоа што допрва треба да видиме дали ќе го искористи со оглед на тоа што од 18:30 часот играат со Арсенал.

Останати резултати:

Фулам-Хадерсфилд 1-0

Лестер-Кардиф 0-1

Вотфорд-Њукасл 1-1

Брајтон-Евертон 1-0