Volkswagen го претстави својот мал кросовер „T-Cross“

Volkswagen го претстави својот мал кросовер „T-Cross“

Компанијата „Volkswagen“ го претстави најмалиот кросовер во својот опсег. Тој се нарекува „T-Cross“.

Автомобилот е изграден на модуларената платформа „MQB“, неговата должина е 4.110 mm. Значи „T-Cross“ е 54 mm подолг од хечбекот „Polo“, со кого ја дели шасијата. Во исто време, тој е 120 mm пократок од кросоверот „T-Roc“ и 380 mm пократок од „Tiguan“.

Растојанието помеѓу двете оски е 2.563 mm, што е 114 mm помалку од „Tiguan“. На овој начин „VW T-Cross“ како димензии се испоставува речиси ист како „Nissan Juke“, при што должината е 4.135 mm, а растојанието помеѓу двете оски е 2.530 mm.

Предните седишта се поставени на висина од 597 mm над патот и задните седишта на 652 mm. Во кросоверот, патниците седат 100 mm повисоко од оние во „Polo“. Задните седишта можат да бидат поместени со 140 mm напред, на тој начин просторот во багажникот се зголемува од 385 до 455 литри. Кога ќе се отстрани вториот ред седишта, волуменот на товарниот простор се зголемува на 1.281 литри.

Сите верзии на најмалиот кросовер на „Volkswagen“ се на погон на предните тркала. Моделот ќе се нуди со два 3-цилиндарски бензински турбомотори со зафатнина 1,0 литар кои развиваат 95 и 115 КС. Исто така, ќе има 1.5-литарски бензински мотор со 150 КС. Дизелот е од 1,6 литри, развивајќи 95 КС. Во зависност од верзијата кросоверот ќе биде опремен со 5 или 6-брзински мануелен менувач или со 7-степен автоматски менувач со две спојки.

Во опремата на новиот модел се вклучени „LED“ фарови, електронски интрумент панел, мултимедијален комплекс со 8-инчен екран и 4 USB-порта, адаптивен круз-контрол, безкабелен полнач за паметни телефони, 300 ватен аудиоисистем „Beats“, систем за менување на светлата од средно на долго следење на мртвите зони и систем за предупредување за фронтален судир.

Во Германија, цените на „VW T-Cross“ започнуваат со 17.900 евра. Производството на кросоверот ќе се одржи во фабриката во Шпанија, каде што се произведува и хечбекот „Polo“.