Војвотката Кетрин восхитува во бело на црвениот тепих на BAFTA 2019

Војвотката Кетрин восхитува во бело на црвениот тепих на BAFTA 2019

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам се почесни кралски гости на вечерашното доделување на наградите BAFTA 2019.

На црвениот тепих во Лондон, 37-годишната припадничка на британското кралско семејство восхитуваше со беспрекорен стајлинг.

Шармантната дама блескаше во бел фустан на едно рамо од Александар МекКвин, додека заедно со својот сакан пристигнуваше на церемонијата во „Ројал Алберт Хол“.