Војвотката Кетрин со монохроматски стајлинг во Лондон

Војвотката Кетрин со монохроматски стајлинг во Лондон

Војвотката Кетрин ја продолжува својата мисија за помагање на семејства и деца од ранливи категории.

37-годишната сопруга на принцот Вилијам лансираше нова национална линија за поддршка, за време на нејзината посета на добротворната огранизација „Family Action“.

За оваа пригода, шармантната војвотка избра монохроматски стајлинг. Елегантниот зелен фустан, кој доаѓа од брендот Beulah, Кетрин го надополни со дијамантски обетки од Kiki McDonough и зелени обувки и чантичка.