Војвотката Кетрин се породи, со принцот Вилијам добија син!

Војвотката Кетрин се породи, со принцот Вилијам добија син!

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам му посакаа добредојде на овој свет на своето трето дете. Кралскиот пар доби син.

Среќната вест беше објавена во официјално соопштение од Кенсингтонската палата на Twitter.

„Војводата од Кембриџ беше присутен на породувањето. Нејзиното кралско височество и нејзиното дете се добро“ – се вели во соопштението.

Бебето се родило тешко 3,8 килограми. Гордите родители наводно не го знаеја полот на бебето до самото раѓање.

Како и за претходните две деца, Кетрин се породи во болницата „St. Mary“ во Лондон, каде принцезата Дијана го донесе на свет Вилијам во 1982 година.

Бебето ќе биде петто во линијата наследници на британскиот престол.35-годишниот принц и 36-годишната војвотка стапија во брак на 29 април 2011 година. Тие се родители и на 2-годишната принцеза Шарлот и 4-годишниот принц Џорџ.