Војвотката Кетрин отмена во сив фустан

Војвотката Кетрин отмена во сив фустан

Војвотката Кетрин и кралицата Елизабета II по долга пауза го имаа првото заедничко појавување без други членови на британското кралско семејство.

37-годишната војвотка и 92-годишната кралица на Британија го посетија „Kings College“ во Лондон.

За оваа пригода, сопругата на принцот Вилијам изгледаше отмено во сив фустан од Кетрин Вокер, додека Кралицата се појави во розово палто и шапка.