Војвотката Кетрин модерна дама во сино

Војвотката Кетрин модерна дама во сино

Војвотката Кетрин зрачеше со елеганција на вториот ден од официјалната посета на Северна Ирска со принцот Вилијам.

Шармантната припадничка на британското кралско семејство се појави во сино палто од брендот Mulberry, под кој носеше фустан во темносина нијанса од Џени Пекам.

Кралскиот пар се сретна со полициски шерифи во замокот Хилсборо и со насмевки се поздравуваше со обожавателите кои ги преплавија тротоарите во Балимина.