Војвотката Кетрин елегантна дама во кадифена креација

Војвотката Кетрин елегантна дама во кадифена креација

Војвотката Кетрин зрачеше со кралска префинетост на дипломатскиот прием организиран од кралицата Елизабета II.

За свеченоста во Бакингемската палата, 37-годишната сопруга на принцот Вилијам избра кадифена креација од Александар Меквин и сребрен накит, кои ѝ припаѓа на кралицата. Големо внимание привлекуваше тијарата „Cambridge Lover’s Knot“, која ѝ беше омилена на принцезата Дијана.

На свеченоста беа и принцот Вилијам, принцот Чарлс и војвотката Камила. Кралицата беше облечена во бел фустан од Ангела Кели, а на главата ја носеше тијарата „Grand Duchess Vladimir“.