Војвотката Кетрин блесна во бело на крштевката на малиот принц Луи

Војвотката Кетрин блесна во бело на крштевката на малиот принц Луи

Војвотката Кетрин и принцот Вилијам заедно со трите деца пристигнаа во кралската капела во палатата Сент Џејмс за крштевката на принцот Луи. Ова е првпат петчленото семејство да биде фотографирано заедно во јавност.

36-годишната Војвотка блескаше во бело додека го држеше заспаното синче. Креацијата е дело на Александар МекКвин додека модниот додаток за глава е со потпис на Џејн Тејлор. Вилијам чекореше заедно со 4-годишниот Џорџ и 3-годишната Шарлот.

Малиот принц, кој доби шест кумови, беше крстен во истиот фустан во кој беа крстени и принцезата Шарлот и принцот Џорџ. Бежовата креација е рачно изработена реплика на традиционалниот фустан од деликатна тантела и бел сатен сошиен за најстарата ќерка на кралицата Викторија во 1841 година.

По 40-минутна религиозна церемонија, гостите се поканети на чајанка на која ќе бидат послужени парчиња од свадбената торта на Кетрин и Вилијам од пред седум години.

Меѓу присутните се и принцот Хари со Меган Маркл, принцот Чарлс со Камила, Пипа Мидлтон, која е бремена со првото дете, Џејмс Мидлтон и родителите на Кетрин – Мајкл и Керол.