Водечкиот Американски он-лајн магазин за Соул музика со рецензија за Четкар

Водечкиот Американски он-лајн магазин за Соул музика со рецензија за Четкар

Помина доста време од кога на Соултрекерите за прв пат им го претставивме Македонскиот пејач/гитарист Владимир Четкар.

Овој дипломец на Беркли колеџот за музика создава префинета музика која стои помеѓу линиите на соул, џез и поп музиката.
Владимир моментално го подготвува новиот албум Going Home, кој ќе биде објавен во почетокот на 2019 година. Во меѓувреме, тој издаде сингл и видео што ја продолжува неговата низа на силна музика.
‘Come With Me’ е песна со оркестарска позадина и во себе има малку Бери Вајт, малку Џорџ Бенсон и многу забава.

Слушнете ја ‘Come With Me’ и посакајте му добредојде на Владимир Четкар во Соултракс!

www.vladimircetkar.com/