Во ист ден СП остана без двете најголеми ѕвезди

Во ист ден СП остана без двете најголеми ѕвезди

Можеби најдобрите фудбалери на сите времиња во четвртфиналето требаше да играат меѓу себе и цела планета го очекуваше нивниот дуел.

За жал, ни едниот, ни другиот не се пласира меѓу осумте најдобри и од утре ќе можат да го планираат својот одмор пред да им се приклучат на клубовите.

Она што уште повеќе ги растажува љубителите на фудбалот е тоа што на овој 30 јуни, најверојатно Кристијано Роналдо и Лионел Меси ги одиграа своите последните натпревари на Светските првенства. На Мундијалот во Катар, Роналдо ќе има речиси 38, а Меси полни 35 години.

И на таа возраст сигурно ќе имаат што да кажат, но со оглед на сите околности, тешко дека ќе се појават на азискиот континент.