Во француски стил, DS 8 пристигнува за две години

Во француски стил, DS 8 пристигнува за две години

Круната на гамата на DS би требало да поседува спектакуларен дизајн – во продажба ќе е најде во 2020-та година со што ќе биде одбележана 65-годишнината од лансирањето на оригиналниот Citroen DS.

Иако популарноста на традиционалните седани е во сериозен пад, раководството на францускиот бренд смета дека за гамата на DS би била одлична работа доколку се понуди еден ваков модел.

Новиот модел би требало да ја има ознаката DS 8, а дизајнот да биде што е можно порадикален, со цел автомобилот да се издвои од останатите. Во разговор за Auto Express, потпретседателот на компанијата задолжен за развој на производите, Ерик Апод, потврдил дека од челниците на компанијата веќе било одобрено дизајнерското решение.

Се верува дека новиот DS 8 ќе поседува таканаречен „фастбек“ облик на каросерија, односно ќе има неконвенционално стилизирана задна страна со што автоматски ќе има уникатна позиција на пазарот.

Од техничка страна, DS 8 ќе биде темелен на неодамна претставениот Пежо 508, што значи дека ќе биде „изграден“ на “EMP2” архитектурата, а што се однесува до агрегатот, во понудата ќе има 2.0 BlueHDI дизелски мотор и 1.6 PureTech бензинец.