Во Ферари очекуваат подобри времиња по најавената промена на болидот

Во Ферари очекуваат подобри времиња по најавената промена на болидот

Италијанскиот тим верува дека задното крило им правело најмногу проблеми поради кои на последната трка не можеа да му се приближат на Мерцедес. После воведните три трки тимот од Маранело не успеа да дојде до победа, а возачите на Мерцедес ги освојуваа двете највисоки места на победничкиот подиум.

Поранешниот шампион од тимот на Мерцедес, Нико Розберг, по трката за Големата награда на Кина оцени дека проблемот на Ферари лежи во аеродинамиката, а истото го тврди и актуелниот светски шампион, Луис Хамилтон.

Шефот на италијанскиот тим во изјава за новинари рече дека тие веќе го лоцирале проблемот и оти работат на негово решавање.

Ни пристигнува ново задно крило, онакво какво што имаат во Мерцедес. Очекуваме подобри времиња – рече Матија Биното, шеф на тимот на Ферари.